Скопје

ЈКП Гази Баба доби 6 контенери за кабаст отпад и камион

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 18.12.2021 година, беше во посета на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, каде што направи промоција и увид на новата опрема на ЈКП Гази Баба, набавена со средства од буџетот на општина Гази Баба.
За посетата, градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на фејсбук напиша:

“ЈКП Гази Баба доби нова опрема

Денес, бев во посета на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, каде правиме промоција и увид во новата опрема во вредност од 2.700.000 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба.
Новата опрема се состои од 6 контенери за кабаст отпад и камион специјализиран за подигање на истите.
Од следната недела, контенерите ќе бидат поставени по Урбаните и Месните заедници каде граѓаните ќе можат да го одложуваат својот покрупен и кабаст отпад.

Ова е уште еден проект кој ќе придонесе за подобрување на комуналната хигиена и почистата животна средина во општината.”

На почеток