Скопје

МВР го пронајде украденото возило на „Државни патишта“

На 17.12.2021 околу 22.50 часот на патот од с.Шишево кон с.Грчец, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Јавно претпријатие „Државни патишта“ – Скопје, за кое на 15.12.2021 во 16.10 часот Б.Т.(56) пријави дека било одземено на ул.„Ѓорче Петров“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток