За десет дена изградено ново детско игралиште во Бутел

Од
Објавено на

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на социјалните мрежи објави дека за десет дена е направено ново детско игралиште.
„Во најбрз можен рок од десетина дена, беше започнато и завршено ново детско игралиште наменето за потребите на децата од градинката „11 Октомври” од клонот „Страшо Пинџур” во Бутел 1. Се грижиме за најмладите. Ветеното го реализираме, пишува градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на Фејсбук.
