Македонија

Предлогот Жугиќ да биде член на УО на МКЦ треба да се повлече, вели СДСМ

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска речиси два месеци од мандатот покажува тотална неспособност и носи одлуки се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје, вели СДСМ.

„СДСМ и граѓаните се противат на грубата партизација и срамните предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување на лица од режимот на клучни позиции.

Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на МКЦ треба да биде повлечен, бидејќи актерката беше дел од режимот и најпозната по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми.

На МКЦ се потребни професионалци, луѓе со суштинско познавање на независната сцена и култура, и не смее да се уништува со лица од режимот.

Арсовска вети дека во првите 82 дена од мандатот ќе воведе бесплатен јавен превоз и тоа не само што не го исполни, туку и го откажува проектот и за БРТ.

Наместо да се фати за работа, да реализира капитални проекти, Арсовска прекинува важни проекти за скопјани и врши партизација на јавни претпријатија во Скопје.

Време е Арсовска да се зафати за работа за доброто на граѓаните на Скопје, а не само да мисли каде да ги смести кадрите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

На почеток