Свет

(ВИДЕО) Страшна несреќа во Бангладеш: Се запали траект, загинаа 39 лица

Најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во несреќа кога преполн траект се запали во јужниот дел на Бангладеш.

Пожарот избил на брод среде река во близина на градот Џалакатати додека пловел од главниот град Дака кон Баргуна. Некои од жртвите се удавиле откако скокнале во вода, а многумина имаат тешки изгореници.

Се претпоставува дека пожарот избувнал во котларата, и траел со часови. Од друга страна, сопственикот на бродот Хум, Џалала Шеик, негираше дека причината е механичка грешка. Тој за локалните медиуми изјави дека дошло до експлозија на вториот кат од траектот, а пожарот подоцна се проширил и во котларата.

– Внук ми скокна во реката, не знам што му се случи – рекла една баба.

Таа додаде дека повеќето луѓе спиеле во моментот на пожарот.

– Спиевме на душек, со мене беше и мојот деветгодишен внук Наџим, скокна во реката, не знам што се случи со него – рекла таа.

Друга жена, која патувала со нејзиниот татко, сестра и шестмесечен внук, изјавила дека нејзиниот внук исчезнал.

„Кога избувна пожарот, му го дадов бебето на маж кој се обидуваше да го спаси, но сега не можеме да ги најдеме“, рече таа.

Наводно, во траектот имало околу 500 луѓе.

На почеток