Македонија

ОЈО Гостивар врши увид на местото на сообраќајка каде загина 65-годишна жена

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи врши увид на лице место каде денес околу 13.30 часот се случи сообраќајна несреќа. Според првичните сознанија товарно моторно возило удрило во жена на возраст од 65 години, која поминувала на пешачки премин. При тоа на сега починатата и се причинети повреди кои имале смртна последица.

Јавниот обвинител нареди обезбедување и прибирање на траги од лице место. Наредено е и вршење на сообраќајно техничко вештачење и обдукција на починатото лице. Воедно побарани и обезбедени се видео записи од околните камери. Возачот се наоѓа во полициска станица и се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот.​

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток