Скопје

(ФОТО) Започна реконструкцијата на опожарените куќи во Злокуќани

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски се заблагодари на сите кои помогнаа во реконструкцијата на опожарените куќи во Злокуќани.

„На почеток им благодарам на сите кои се приклучија да помогнат во реконструкција на опожарените куќи во Злокуќани.

Вложивме напор и денеска отпочна реконструкцијата на куќите тргнувајќи од покривот.

Се надевам, што е можно поскоро заедно ќе обезбедиме услови за живот на нашите сограѓани.

Граѓаните на Карпош не се сами, мора да бидеме солидарни и да се помагаме меѓусебе“, вели Јакимовски.

Минатата недела беа опожарени три куќи во населбата Злокуќани, од кои едната е целосно изгоре. Куќата во која избувнал пожарот е целосно уништена со целата покуќнина. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа беше спречена поголема катастрофа.

На почеток