Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска изјави дека во тек е набавка на гуми за автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие.
– Веќе е активна една набавка за гуми за новите градски автобуси и потоа ќе има уште една набавка, истакна Салиху.
Што се однесува до расипаните автобуси, Салиху рече дека се прави пресметка со цел да се види колку ќе биде исплатливо да се поправат. Во однос на набавката на еко автобуси што ја планира Град Скопје, тој изјави дека кредитот ќе биде во висина од околу 10 милиони евра, а со него ќе се набават од 35 до 40 еколошки автобуси.
– Веруваме дека ќе ги видиме по улиците во Скопје рано следната година, рече Салиху.