Планираната траса на БРТ може да го загрози водоснабдувањето на градот, вели ВМРО-ДПМНЕ
БРТ превозот не е адекватен за Скопје, а аматеризмот при планирање ќе го загрозеше водоснабдувањето на градот, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Планираната траса на БРТ превозот беше аматерски осмислена да се движи над главната водоводна цевка која се наоѓа во зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на булеварот. Водоводната цевка не е заштитена и поставувањето на коловоз над неа без дополнителна заштита за кој во овој случај се потребни дополнителни 20 милиони евра ќе предизвикаше хаварија.
Дополнително пред да се постави коловозот за БРТ транспорт мора да се изнајдат решенија за пристап до водоводната цевка без затоа да треба да се ископува целата евентуална траса и затоа Скопје да нема ниту вода, ниту јавен транспорт со часови или денови.
Вака осмислениот транспорт беше без конкретен план за голем број на странични проблеми како што е тој со водоснабдувањето.
За разлика од со Шилегов. Скопје ќе добие ефикасен јавен транспорт“, се вели во соопштението.