Македонија

Прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

На ден 29.12.2021 (денес) на магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, (делница Пресека – Песочан), поради изведување работи на пат (минирање), во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец с.Гајре – Тетово, од 50 – 100м. на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар, од 100 – 150м. на патниот правец Страцин – Куманово, од 30 – 50м. на планинскиот превој Буково и до 50м. на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На почеток