Магазин

(ВИДЕО) Илон Маск на пробно возење во тесниот тунел во Лос Анџелес

Милијардерот Илон Маск ја одведе новинарката Гајл Кинг од Си-би-ес на пробно возење во тунелот во Лос Анџелес.

„Не можеме да излетаме од шините, нели?“, плашливо го прашува таа Маск.

„Не сакам да се движиме побрзо од ова, не благодарам“, му одговара Кинг на Маск, кој вели дека се движат многу побавно од планираните 240 километри на час.

Тој во интервјуто во текот и по возењето ги наведе причините кои го поттикнале да го изгради тунелот. „Пред сè тука е големиот метеж во Лос Анџелес кој ме убива“, вели Маск.

Тој го отвори тунелот со визија да направи револуција во превозот во милионските градови со сообраќаен метеж.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток