Утре од 9 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата „50 дивизија” и дел од Клиничкиот центар во Скопје. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок од ф 100 мм на таа улица.
Прекинот ќе трае до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.