Скопје

Арсовска намалува пари за животна средина, буџетот за 2022 е неразвоен, вели Јајоска

Данела Арсовска ги излажа граѓаните дека ќе инвестира во животната средина и ќе се бори против аерозагадувањето. Буџетот за 2022 на Град Скопје покажува дека Арсовска не само што нема да ги зголеми средствата за еколошки проекти и мерки, туку дополнително и ги намалува, вели советничката во Советот на Град Скопје и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Јајоска.

Таа смета дека за в година средствата за подигнување ново зеленило, паркови и дрвореди се намалени 10 отсто, а истовремено ќе бидат набавени 33 отсто помалку садници во споредба со 2021 година.

„Во буџетот за 2022 година не се предвидени средства за изведба и проектирање на новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и во Чаир, што Арсовска ги ветуваше пред изборите. Како советници од советничката група на СДСМ не се согласуваме со ваков неразвоен буџет на Град Скопје. Парите на граѓаните мора да се трошат на мерки и проекти во интерес на градот, а не за лични интереси на Арсовска. Со вакво кратење буџетски средства и со неисполнување на дадените ветувања, Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина. Арсовска ги лаже и потценува жителите на Скопје“, истакна Јајоска.

Наместо да работи за интересите на градот, додава Јајоска, сѐ што таа прави е стопирање проекти и масовна партизација на градската администрација. Тоа е нечесно, лицемерно и неодговорно однесување кон Градот и неговите граѓани, потенцира таа.

На почеток