Пецаков ги посети дежурните служби, а сечеше и торта
Во прекрасна атмосфера и расположение, на Градскиот плоштад, заедно со охриѓани и гостите ја пречакавме Новата 2022 година, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
„Нека Новата 2022 година ни го подари се она по што сме копнееле во изминатата и да ни го чува она што веќе го имаме. Бидете ми живи, здрави, среќни, весели и постојано насмеани.
Синоќа, ги посетив и им ја честитав Новата година на дежурните служби кои се грижеа за нашата безбедност и здравје во празнината ноќ, СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Брза помош Охрид.
Среќна Нова 2022 година“, вели Пецаков.
Тој заедно со пожарникарите од противпожарната станица во Охрид пресече и торта