Свет

Седум лица повредени од пиротехнички средства во Приштина, едно лице застрелано

Во Приштина на новогодишната ноќ седум лица се повредени со пиротехнички средства, а едно лице е повредено од куршум во раката.

Дежурниот лекар во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, Агрон Читаку изјавил дека тројца од повредените се задржани на лекување, јавуваат приштинските медиуми.

Читаку рече дека годинава бројот на граѓани кои се здобиле со повреди од пиротехнички средства е помал од минатите години.

На Косово и Метохија за време на новогодишните празници се на сила рестриктивни мерки, па движењето на граѓаните е забрането од полноќ до пет часот наутро.

На почеток