Една жена го загуби животот, а девет други лица беа повредени откако автомобил удри во автобуска станица во западниот германски град Реклингхаузен, објавија германските медиуми повиувајќи се на извори од полицијата.
Според „Ројтерс“ полицијата која веднаш по несреќата излегла на терен ја испитува причината за несреќата. меѓу другото се истражува и дали овој случај е поврзан со тероризам .