Израелскиот премиер најави имунизација со четвртата доза
Израелскиот премиер Нафтали Бенет изјави дека четвртата доза од вакцината против Ковид-19 ќе биде обезбедена за лица постари од 60 години и за медицински персонал, бидејќи земјата се соочува со зголемување на бројот на инфекции со омикрон.
Минатата недела Израел ја одобри четвртата доза од вакцината развиена од компаниите „Фајзер и Бајонтек“, односно втората бустер вакцина за лица со ослабен имунитет и стари лица кои живеат во домови за стари лица.
– Сега имаме ново ниво на одбрана. Израел повторно ќе биде пионер во глобалните напори за вакцинација, рече Бенет на прес-конференција во неделата, додавајќи дека највисокиот медицински функционер на израелската влада, чија согласност е потребна за вакцинација со втората бустер доза, ја потпишал најновата мерка.
Генералниот директор на Министерството за здравство, Нахман Аш, претходно изјави дека Израел наскоро би можел да го достигне имунитетот на стадо откако доби зелено светло од надлежните служби за антиковид лекот „молнупиравир“ одобрено за употреба кај пациенти со Ковид-19 над 18 години.