ФДА ја одобри употребата на бустер доза за деца од 12 до 15 години
Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) денеска одобри употреба на бустер доза за деца на возраст од 12 до 15 години, имајќи предвид дека сојот омикрон побрзо се шири меѓу помладата популација, објави NBC News.
Според податоците на оваа американска медиумска куќа, денеска на педијатриските одделенија би можело да се сруши негативен рекорд по бројот на хоспитализирани деца, што укажува дека децата треба побрзо да се вакцинираат со бустер.
ФДА исто така го намали периодот помеѓу втората и бустер дозата од шест на пет месеци, врз основа на израелските истражувања, а тоа важи за деца од 12-годишна возраст.
Студијата од Израел, која опфати 6.300 деца на возраст меѓу 12 и 15 години, покажа дека засилената доза може подобро да ги заштити децата кога се дава по пет месеци отколку шест месеци.
„Со сегашниот бран на омикрони, од клучно значење е да продолжиме да правиме ефективни потези за спасување животи, како што се вакцинирање, носење маски и социјална помош“, рече в.д. директорката на ФДА, Џенет Вудкок.