Магазин

„Јас сум актер човек премиерно“ во Галерија Колектив

На 22 декември со почеток од 20 часот во Галеријата Колектив, премиерно ќе се изведе новата претстава на режисерката Теа Беговска, а а во изведба на Никола Кузелов, Надица Петрова, Елизабета Стефановскка, Даријан Петров. Автор на Музиката е Енес Беговски.

Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене. Толку се сакам себе. Лажам. Се сакам себе толку колку да се рече дека се сакам себе. Лажам. Дека се сакам себе. Лажам. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер- човек или човек- актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Сè она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. Интерактивен театрски перформанс кој говори за тоа дека ништото доволно, дека тоа ништо е сепак нешто што нè прави посебни секој сам за себе. – истакна Беговска

Кој сум јас? Што сум јас? Сам, самиот со себе сум. Тој сум јас. А крајот за сите е ист…Секој човек ќе живее само за времетраењето на една тетарска претстава.

Претставата ќе има и своја реприза на 24.12.2018 со почеток во 21:00 во Галеријата Колектив.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток