Коронавирус

Над 68.000 лица заразени со коронавирус во Италија

Во изминатите 24 часа во Италија зараза со корона вирусот е потврдена кај 68.052 лица, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека починале 140 лица.

Од почетокот на пандемијата, 6,4 милиони луѓе во Италија се заразени со корона вирусот.

Регистрирани се 137.786 смртни случаи, што е највисока во Европа по Велика Британија.

На почеток