Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен

Од
Објавено на

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен. Тој потврди дека добил дозвола од организаторите да настапи, но и понатму одбива да каже дали е вакциниран против корона, а тоа е условот да настапи на првиот гренд слем во сезоната. На Инстаграм објави дека добил потврда за медицинско изземање.
„Среќна нова година на сите. Ви посакувам здравје, љубов и среќа во секој момент и да чувствувате љубов и почит за сите битија на оваа прекрасна планета. Поминав фантастично време со моите сакани за време на паузата и денеска патувам за Австралија со дозвола за медицинско изземање“, вели Ѓоковиќ.
