СДСМ: Димитриевски во изминатите години работел во интерес на приватни компании, наместо во интерес на граѓаните


Кој беше власт во Куманово од 2013-та година? Дали Максим Димитриевски признава дека во изминатите години работел во интерес на приватни компании, наместо во интерес на граѓаните, се вели во реакцијата од СДСМ.
„Инаку, во соопштението од Општина Куманово во врска со јавниот превоз се вели: на граѓаните ќе им обезбедиме квалитетен, еколошки и безбеден јавен превоз, а не “како во претходниот период да се води интерес за
превозните компании на штета на услуга кон граѓаните”.
Со ова Максим Димитриевски признава дека во период од 2013-та година како Претседател на советот на Општина Куманово и 2017-та како градоначалник на Општина Куманово веќе 8 години работи во интерес на
приватни компании, а не во интерес на граѓаните.
Го прашуваме Максим Димитриевски: дали работејќи во интерес на приватни компании, работи и за сопствен личен интерес и дали ќе продолжи да својот личен интерес како приоритет број еден за Општина Куманово“, додаваат од СДСМ.
