Денеска е Божиќ, денот на Христовото раѓање
Божиќ или Рождество Христово – денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.
Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.
Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.
Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период.
Со молитви и литургии во храмовите, МПЦ ќе го одбележи еден од најголемите христијански празници, Рождество Христово – Божик, посветен на раѓањето на Исус Христос.
До сите православни христијани Честит Божиќ.
Христос се роди!
Вистина се роди!