Коронавирус

4.297 нови случаи на коронавирус за три дена

Бројот на активни случаи со ковид-19 во земјава изнесува 8.209. Во последните 24 часа беа направени 7.472 тестирања, при што се регистрираа 1.725 нови позитивни резултати, починаа две лица, а оздравеа 332.

Како што информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје – 1028, следат Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, итн.

Во изминатите три дена бројот на новозаразени со коронавирус нагло се зголеми, при што регистрирани се 4297 нови случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 милиони тестирања на ковид-19, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, а на починати е 8.002.

На почеток