Свет

Откриено каде последен пат бил регистриран мобилниот на Матеј, екипа на хрватската полиција на пат кон Белград

Базните станици потврдија дека телефонот на Матеј Периш од Сплит последен пат бил регистриран во близина на ресторанот на шеталиштето на реката Сава.

На видеото кое претходно беше објавено се гледа дека Матеј по едночасовно трчање по Караѓорѓева и улиците околу салата Бетон, дошол во ресторан на шеталиштето Сава и наводно влегол во водата.

– Базните станици покажуваат дека телефонот губи трага токму таму, во близина на ресторанот. Се претпоставува дека телефонот престанал да работи кога влегол во вода – вели изворот на Курир.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека побарал од министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ да испрати екипа од хрватската полиција во Белград за да помогне во потрагата

„Тие се на пат за Белград“, изјави Пленковиќ на новинарите во Сплит.

Рече дека постојано работи на два начина.Едниот е директен разговор со полицијата, а другиот дипломатско-конзуларни активности што нашата амбасада ги води со српските власти“, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека треба да и се заблагодари на српската полиција за напорите за пронаоѓање на исчезнатиот сплитчанец.

„На овој начин сакаме да дадеме дополнителен акцент да дадеме заеднички придонес во потрагата по Матеј“, изјави хрватскиот премиер, пренесе загрепскиот портал Индекс.

За него, вели, важно е семејството и јавноста да добијат целосни информации, сите елементи да се истражат до крај.

На почеток