Свет

Продолжува потрагата по Матеј: Телефонот може да се лоцира и два метри под вода, но во првите неколку часа

Телефонот на Матеј Периш (27) од Сплит, последен пат имал сигнал во близина на Големиот воен остров, а телекомуникациските експерти објаснуваат дека телефонот може да се откриен иако е до два метри под водата, но само неколку часа од момент.

– Поновите модели на мобилни телефони можат да дадат сигнал дури и ако паднат во вода, но само на длабочина од околу два метри. Ако падне подлабоко, сигналот се губи и за жал не може да се лоцира – објаснува соговорникот за српски Блиц.

Според белградските медиуми, потрагата по Матеј била преместена во Смедерево, бидејќи постои сомневање дека доколку Матеј влегол во Сава, водата да го однела до Дунав.

– Речната полиција и нуркачите ја префрлија потрагата во правец на Смедерево, а сега се во близина на Бела стена. Иако потрагата сега е отежната поради многу лошите временски услови, тие немаат намера да се откажат. Водата е екстремно студена, сега во овој момент е три до четири степени над нулата. Исто така, водата е заматена и тоа им ја отежнува работата на нуркачите. За нив не е безбедно да влезат во таква вода, но тие се одлични професионалци“, додацва тој.

На почеток