Македонија

Визер ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје

Нискобуџетната авкиокомпанија Визер беше избрана на јавниот повик за авиосообраќање во Република Македонија, кој, како што информираше на прес-конференција министерот за траспорт и врски Горан Сугаревски.

Согласно критериумите Визер има обврска да почне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид и тоа првите две до 26 март 2019, а другите во рок од една година од денот на склучувањето на договорот и истите да ги опслужува за период за кој се доделува финансиска поддршка. Компанијата има обврска да опслужува две нови линии од меѓународниот аеродром во Скопје до 26 март и да ги опслужува најмалку две години.

Во однос на финансиските средства, предвидени се најмалку 312 милиони денари или околу пет милиони евра за период од 2019-2022. За следната година се предвидени 86 милиони денари, за 2020 – 204 милиони денари, за 2021 – 104 милиони денари, а за 2022 година – 17 милиони денари.

На почеток