Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со покачувањето на струјата секое семејство плаќа најмалку 700 денари повеќе

Во време кога Мицкоски е директор на ЕЛЕМ и советник во владата, цената на струјата се намалува за 0.5%, додека во време на СДСМ се зголемува за 32%, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2015 година 1 киловат час електрична енергија чинел 4.47 денари, кога претседателот Христијан Мицкоски станува советник во влада и директор на ЕЛЕМ ја намалува цената на струјата на 4.45 денари за киловат час, за со СДСМ и пиунот Ковачевски денес да имаме зголемување од 31.9%, и 1 киловат час електрична енергија чини 5.87 денари.

Во 2017 година кога Мицкоски е директор на ЕЛЕМ 500 киловат часови потрошена струја чинела 2.225, а сега кога пиунот Ковачевски и неговиот ментор Заев се на власт 500 киловат часови струја чини 2.935 денари.

Со покачувањето на струјата, мерка на пиунот Ковачевски секое семејство плаќа по најмалку 700 денари повеќе за струја месечно отколку кога претседателот Мицкоски раководел со ЕЛЕМ.

Пиунот Ковачевски и СДСМ не можат да ги излажат граѓаните. Тие точно знаат колку ја плаќале струјата кога претседателот Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, а колку сега кога пиунот Ковачевски и неговиот ментор Заев владеат.

Со СДСМ струјата ќе станува се поскапа. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

На почеток