Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ објавува вчерашни соопштенија, проблемот со парното е решен

ВМРО-ДПМНЕ објавува вчерашни соопштенија и не знае или се прави дека не знае дека за проблемот со парното Владата предводена од СДСМ најде решение и дека скопјани нема веќе да имаат ладни радијатори.

Откако Данела Арсовска ги игнорираше проблемите и потребите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку одговорен и транспарентен пристап најде решение за надминување на кризата со топлинска енергија.

Очигледна е разликата помеѓу одговорното управување со институциите од страна на СДСМ и неработењето на Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток