Коронавирус

Чешка ја промени одлуката за задолжителна вакцинација

Чешката влада нема да ја прогласи вакцинацијата против корона вирусот за задолжителна, изјави денеска премиерот Петр Фијала.

На тој начин Владата, како што се наведува, ja укина уредбата на претходната влада со која од март се бараше да се вакцинираат лицата над 60 години, работниците во здравствената, социјалната заштита и безбедносните служби.

– Ова не го менува нашиот став за вакцинација, тоа е сепак несомнено најдобриот начин за борба против коронавирусот – рече Фијала на прес-конференцијата и додаде дека во моментов нема причини за задолжителна вакцинација.

На почеток