Коронавирус

Речиси 17.000 новозаразени лица во Хрватска, почина 11 годишно момче

Штабот за цивилна заштита соопшти дека во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани речиси 17.000 новозаразени лица, од кои 11.114 позитивни биле тестирани со ПЦР, а останатите со брзи антигенски тестови.

Вкупниот број на активни инфекции во моментов е 61.671. Од нив, 1.799 пациенти се во болница, од кои 193 се на респиратор. Загинаа 35 лица, меѓу кои и едно 11-годишно момче.

Вчера во Хрватска имало 17.489 новозаразени лица, кои биле тестирани со двата методи.

Тестирани се 21.253 примероци, а бројот на починати од почетокот на пандемијата е 13.335.

На почеток