Коментари

„Се пали зелено, тргнуваме, го вртам погледот, силна светлина ме заслепува…“, Скопјанка со потресна исповед за несреќата

Јована Нановски на социјалните мрежи раскажа за нејзината нecpеќа која ќе ја памти цел живот:

„Да ви раскажам една кратка хор ор приказна со релативно среќен крај!

5 август, 2000 година, отприлика 2 и кусур изутрина… Се враќаме од работа, 5 луѓе во кола, јас седам позади совозачко седиште. Возиме по Рузвелтова накај зоолошка, треба да ја пресечеме Партизанска. Се пали црвено, застануваме , додека чекаме да се запали зелено, збориме, се смееме, среќни млади луѓе, никој постар од 27.  Се пали зелено, тргнуваме, го вртам погледот кон десно, силна светлина ме заслепува, удар, страшен удар директно во мене, се врти колата во круг неколку пати… Толку…

Темница, лежам, слушам само гласови, “УМРЕ ДЕВОЈЧЕТО, УМРЕ”, … Отворам очи, гледам луѓе над мене, умрев си велам, ништо не чувствувам, ништо не ме боли, слушам болнички сирени…

Станувам, главата ми е врела и тешка еден тон, се пипам на темето, четири прста ми пропаѓаат во чер епот, кpв, многуууу кpв. Другарите, кај ми се другарите, живи ли се? Пробувам да направам чекор, но долниот дел од телото ми тежи повеќе од главата. Се вртам на сред раскрсница, боса, кpвава и парталава, луѓе плачат, вриштат, собирам разлетани паричници, сандали, накит, часовници…Да, го наоѓам часовникот на едниот другар, смачкан, но другар ми го нема… Почнувам да вриштам, ме смируваат, ми велат дека е жив, болничкото возило го однело него веднаш, не им верувам.Не им верувам дека е жив, мислам дека ме лажат.

Последната слика пред да се качиме ние во болничкото возило ми е колата на злосторникот кој помина на црвено и удри во нас со 140 км на час, под дејство на алкoхол со измерени 4 и нешто промили. Колата паркирана едно 20 метри пред автобуската постојка Симпо, тој стои со полиција, млад дечко, 19 годишен, без возачка дозвола…

Вози брзата помош ко луда, се е како во некој хорор филм, се уште мислам дека сум мртва, мислев дека така изгледа кога ќе умре некој и неговиот дух набљудува се. За 3 минути не истоварија пред ургентен центар. Влегов, го видов другар ми жив и легнав на болничкиот кревет веднаш до него. Толку беше, кога легнав сфатив дека долго време нема да станам. Небитно, сите петорица бевме на број, исполегнати, ама битно живи! Бараме телефони за да се јавиме дома кај родителите, арно, ама во меѓувреме влегува возрасен човек во костим со полициски службеници и други костимирани луѓе. Истиот забранува било кој од нас да употреби телефон. Да, човекот во костим е чичко на злосторникот (тогашен заменик министер на едно министерство, угледно и познато семејство во Скопје) кој истата вечер со по мош на службите го менува записникот.

И тоа небитно, живи сме, другар ми го носат на снимање, помина со тешки телесни повреди, операции и изолација во темна соба. Другите поминаа со тешки контузии на глава, скршени носови и изолации во темнина. Јас поминав со тешка фрактура на карлица на 4 дела, голема крпеница на глава и хематом на глава, кој за среќа се уште не прошетал. И не, не знаете што е потешко, да живеете со инвалидитет, или да живеете со психичката траума и стравот!

Тука ќе престанам со хоророт, не сакам да ви ја доловам рехабилитацијата.

За себе ќе кажам само дека лежев на врата два месеци и развив тежок декубит, кога дојде време да станам се чувствував како новороденче, учев да одам со помош на луѓе кои мораа да ме држат, ах, да, заборавив и како се употребува тоалетна школка кога имаш физиолошки потреби.

Сите вие што управувате возило, а го правите следново- возите со голема брзина, возите под дејство на алкoхол или некакви супстанци, зборувате на телефон или во исто време пишувате пораки…

СИТЕ ДО ЕДЕН БИ ВЕ ОБЕСИЛА НА ПЛОШТАД, СО ГЛАВАТА НАДОЛЕ!!! – стои во статусот на Јована.

На почеток