Македонија

Стружанец градел без одобрение, па доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.А.(66) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на инвеститор, во текот на 2021 година во Струга, без одобрение за градба од надлежни институции, изградил деловен објект и помошни простории со површина на градба од 99 метри квадратни.

На почеток