Македонија

Зечевиќ не се тестирал на 19 јануари, тврди Бухова

По тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, позитивен на Ковид-19, без маска го ширел вирусот на Водици во Охрид, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова – Бухова објасни дека тој не се тестирал на 19 јануари.

„Зечевиќ не е во системот на тестирани лица на 19 јануари. Законот е јасен и важи за сите, самоизолација од моментот на тестирањето“, вели директорката Сотирова-Бухова за Макфакс.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно бараше институциите да му поднесат кривична пријава.

На почеток