Македонија

Силни врнежи од снег во Маврово, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег со слаб интезитет врне на Буково, Ѓавато и Битола, а снег со силен интензитет врне на Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На почеток