Свет

Во Косово влез само со три дози вакцина

Патниците кои се обиделе денеска да влезат во Косово, биле запрени на граница поради новите ограничувања наметнати од извршните органи кои бараат три дози вакцини против КОВИД-19 или две со негативен ПЦР тест.

Информативниот портал Екзит информира дека со вакви проблеми најчесто се соочиле граѓани од Македонија, од српска општина Бујановац, како и патници од Албанија.

Тие побарале од Владата да го преиспита овој услов и да дозволи патување со само две дози вакцини..

Косово ги заостри мерките во текот на викендот, откако во петокот беше поставен рекорд во земјата со дневен број на новозаболени, одноно 2943 позитивни.

Група албански патници денеска одржаа мал протест на границата, но владата рече дека меркитеќе се преиспитаат дури две недели подоцна.

На почеток