Македонија

СДСМ се фалат што Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа, вели ВМРО-ДПМНЕ

Колку се очајни во СДСМ говори фактот што се радуваат на последната листа на Транспаренси во која повторно сме меѓу најкорумпираните држави во Европа, во црвената зона со висока корупција со уште осум земји како Косово, Етиопија, Колумбија, Мароко, Танзанија и Виетнам. За хибридниот режим на СДСМ е успех и без срам се фалат со тоа дека овој поразителен резултат бил најдобар во време на нивното владеење, а не кажуваат дека Македонија на оваа листа била рангирана далеку подобро на 62-ро или 64-то место, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Останува фактот дека токму во време на заевизмот и СДСМ Македонија била рангирана на историски најлошото 111-то место на истата листа. Ваквите црни рекорди на заевизмот се резултатот на криминалните тендери, снопчињата со пари во чантите на функционерите на СДСМ и коруптивните бизниси на власта. Корупцијата на власта на СДСМ ја уништува економијата. Македонија е на дното во регионот по раст на БДП и по број на странски инвестиции.

Вистинска борба против корупцијата е можна само со поразување на заевизмот на предвремени парламентарни избори, затоа што заевизмот е изворот на корупцијата во Македонија“, се вели во соопштението.

На почеток