Магазин

Македонија ќе настапи во второто полуфинале на Евросонг

Организаторите на Евросонг вчера со жрепката одредија кои земји ќе настапат во првото, а кои земји ќе пеат во второто полуфинале на изборот што ќе се одржи во мај во Торино. Македонскиот претставник ќе пее во второто полуфинале, заедно со претставниците на Австралија, Грузија, Кипар, Србија, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Црна Гора, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.

Во првото полуфинале ќе пеат Албанија, Латвија, Швајцарија, Словенија, Бугарија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Русија, Португалија, Данска, Ерменија, Австрија, Хрватска, Исланд и Грција.

Редоследот по кој ќе настапат земјите во двете полуфиналиња ќе се одреди на почетокот на мај.

На почеток