Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, повремено ќе се засилува. Утриските температури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени, а дневните од 5 до 15 степени.
Во Скопје врмето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од -2 до 5 степени.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник претпладне. Поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе поминуваат во снег и на некои поиски места, особено во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе предизвика значителен пад на дневната температура.