Фирмите немаат причина за загриженост, УЈП е во постојана комуникација со нив ќе им помага да ги подготват софтверите за даночната реформа да почне навреме и без проблеми. Од 01 јануари наместо пероснален данок граѓаните ќе плаќаат данок на личен доход. За приходите до 90.000 денари данокот останува 10%, а сумата над тоа ќе се доплаќаат уште 8% данок. Прогресивното даночење не е новина и Тевдовски очекува успешен старт.
Освен даночната реформа Министерствто за финансии годинава направи десетина клучни реформи. Почната е финансиската консолидација што придонесе долгот да се стабилизира. Во текот на 2019 ќе продолжат аукциите на ДХВ два пати месечно, а новото задолжување ќе изнесува 17 милијарди денари. За догодина Тевдовски очекува да продолжи трендот од последните неколку месеци кога економијата остварува позитивни резултати.
Тевдовски очекува во 2019 да продоли и трендот на раст на платите. Просечната нето плата заклучно со октормври надмина 24.800 денари и во однос на истиот период лани е зголемена за 6%.