Македонија

Заев: Да не дозволиме да се вратат политиките на поделби меѓу луѓето

“Нашата намера е да ги паметиме, но никогаш да не им дозволиме да се вратат на сцена политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на наши и ваши. Нека останат само во сеќавања, секако, за никогаш повеќе да не се повторат”. Ова го истакна премиерот Зоран Заев денеска на отворениот ден за иницијативи на граѓански организации: „Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија“ што се одржа во Владата на РМ.

Толеранцијата, како што посочи премиерот, е најважниот услов за демократски односи меѓу различните социјални и општествени групи.

“Мене лично несватливо ми е како во нашата заедница и се протнаа злосторствата од омраза. Таквите појави не и доликуваат на нашата земја, на едно демократско општество и треба да направиме се тие инциденти да бидат изложени на јавност и осудени”, рече Заев и додаде дека треба да направиме се за да ја запреме омразата, да им застанеме на патот на оние кои сеат омраза и да не влегуваме во тој ланец на злото.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток