Почина Лук Монтание
Лук Монтание, добитник на Нобеловата награда за медицина за неговиот придонес во откривањето на вирусот ХИВ, почина во вторникот на 89-годишна возраст.
Францускиот научник почина во американската болница Ној-сур-Сен во близина на Париз, објави градоначалникот Жан-Кристоф.
Монтание ја доби Нобеловата награда за медицина во 2008 година, бидејќи во 1983 година го идентификуваше ХИВ со неговата колешка Франсоа Баре-Синуси и колегата Жан-Клод Шерман.
Неговото име засекогаш ќе остане поврзано со откривањето на вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) кој предизвикува СИДА.
Од 1991 до 1997 година, Монтание го водеше одделот за СИДА и ретровирус на Институтот Пастер и предаваше на колеџот Квинс во Њујорк до 2001 година.
Тој стана контроверзна личност поради неговите ставови кон стандардите на здравствената заедница.
Од 2017 година почна да се спротивставува на вакцините, а кога станува збор за коронавирусот, зазеде став кој е отфрлен од научната заедница.