Коментари

Беќаровски: 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom

Токсикологот и член на Комисијата за заразни болести, д-р Нико Беќаровски предупредува дека по прележување на ковид-19, се повеќе пациенти развиваат пост ковид синдром кој има различни симптоми, Во неговата последна објава на Фејсбук, проф. д-р Беќаровски наведува:

-Околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom со различна симптоматологија и тежина!!!

• Отежнато дишење

• Малаксалост

• Поспаност

• Срцева слабост

• Проблеми со меморија

• Паѓање на косата

• Влошување на дијабетот ….

Ова се само дел од манифестациите на овој синдром. Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години, пишува токсикологот.

На почеток