Едно бегство ја крена Македонија на нозе. А, додека сите го бараат избеганиот папагал, караванот си врви. Сепак, додека трае оваа потрага, само едни вести успеаја да ги обединат и опозицијата и власта, и тоа – пародични вести. Да, во последната епизода на „Фчерашни новости“ можевте да видите и политичари од власт и од опозиција, и пејачи и актери, и водители и новинари, дури и претседател на Собрание.
И Љубомир Фрчковски и Илија Димовски, па и Талат Џафери, имаат една молба – Томе врати се. Доколку сте меѓу оние малкумина што не го гледале ова новинарско благо, погледнете го тука: