Македонија

Девет лица фатени со дрога, полицијата ги приведе

На 20.02.2022 во 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода С.К.(32) од село Ињево, радовишко и Т.Д.(29) со живеалиште во с.Раклиш, радовишко, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На 19.02.2022 во 19.40 часот на ул.„Пиринска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода И.Ј.(20) од Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На 19.02.2022 во 23.40 часот на ул.„Радански Пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Т.С.(27), Н.Д.(22) и Н.З.(21), сите од Штип, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На 19.02.2022 во 22.00 часот на ул.„Пелистерска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На 20.02.2022 во 01.45 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.(21) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На 19.02.2022 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Ј.(31) од Куманово затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На почеток