Македонија

Алијанса за Албанците го поддржува протестот против казиното кај градинката „Тетекс“ во Тетово

Алијанса за Албанците го поддржува протестот против казиното кај градинката „Тетекс“ во Тетово

„Алијанса за Албанците останува доследна на својот став против отворање казина и обложувалници-игри на среќа во населени места и во близина на образовни институции, верски и други институции.

Денес сме тука за да одговориме на повикот на Движењето “Анти Коцкање“ насочено кон политичките партии, за да го поддржиме протестот против отворањето на казино во близината на градинката Тетекс. Затоа, јавно ги повикуваме сите членови, симпатизери на Алијанса за Албанците, како и сите граѓани на Тетово и не само, без партиски разлики, масовно да учествуваат на протестот организиран од граѓаните во вторник, во 14:00 часот и поддржан од Движењето “Анти Коцкање“. Овој протест и отпор кон девијантните појави е обврска за сите нас, да го спречиме деградирањето и девијацијата на нашите деца и семејства.

Во меѓувреме, пратениците на Алијанса за Албанците ќе ја продолжат институционалната битка за промена на Законот за коцкање. Во наредните денови ќе ги поднесеме нашите амандмани за отстранување на казината и обложувалниците-игрите на среќа надвор од населбите. Претходно ќе се сретнеме со лидерите на Движењето “Анти Коцкање“, за да ги координираме нашите ставови и нивните барања и заедно со граѓаните да ја добиеме оваа многу витална битка за иднината на нашето општество. Доста се коцкаа со иднината на нашите деца! Време е да се обединиме и да се ослободиме од овие девијантни и фатални појави за општеството“, се вели во соопштението.

На почеток