Коментари

Дескоски: Не го одобрувам потегот на Русија, но неконзистентноста се плаќа

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски на социјалните мрежи ја објави изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која изјави дека потегот на Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск го прекршува меѓународното право, а потоа додаде свој коментар.

„Со голема горчина ги примам актуелните изјави на нашите Сојузници за кршење на меѓународното право од страна на Русија.

Ми иде на ум народната поговорка: “со свој камен по глава”.

Истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас. Или можеби Меѓународниот суд на правдата не пресуди дека има повреда на меѓународен договор?

Не го одобрувам потегот на Русија, но неконзистентноста се плаќа. Изненадувачки брзо.

А од вчера натаму, животите на сите нас ќе ни се влошат. Барем за некое време. Се плашам дека ова ќе биде долг и исцрпувачки судир, во кој никој нема да има корист“, вели тој.

На почеток