Свет

(ВИДЕО) Американски воен хеликоптер се урна во ракетна фабрика на Хаваи, нема преживеани

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа на хавајскиот остров Кауаи, соопшти американската морнарица.

Во соопштението се наведува дека хеликоптерот се урнал во ракетна фабрика во Тихиот Океан веднаш по 10 часот по локално време.

Според морнарицата, нема преживеани. Имињата на загинатите не се соопштуваат, но, според некои информации, не се работи за американски војници, туку за изведувачи во армијата. Хеликоптерот е идентификуван како „Sikor S-61N“ и бил во поддршка на мисијата за обука.

Увид на несреќата врши Комитетот за безбедност во сообраќајот. Окружните полицајци и пожарникари и помогнаа на војската по несреќата.

На почеток