Студент јадел остатоци од храна, па лекарите морале да му ги ампутираат нозете и прстите
Неколку часа откако ги изел остатоците од ресторанот, 19-годишник бил примен во болница поради откажување на неколку органи, а лекарите подоцна биле принудени да му ги ампутираат двете нозе и сите прсти.
Студент од Масачусетс јадел ориз, пилешко и кинеско јадење „lo mein“ со тестенини од ресторан. Набрзо почувствувал болка во стомакот и неговата кожа добила виолетова нијанса, се вели во извештајот во Журналот за медицина на Нова Англија.
Тој бил примен во болница поради „шок, откажување на повеќе органи и осип“, а неговата состојба брзо се влошила. Тој страдал и од нарушувања на дишењето, висок крвен притисок и повраќање. Ученикот генерално бил во добра здравствена состојба, а редовно пиел и пушел, објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
По тестирањето, му била дијагностицирана фулминантна менингококна сепса, која предизвикала вкочанет врат, гадење, колапс на респираторниот систем, шок и откажување на органите. Пурпура фулминам е ретка состојба која доаѓа со септичен шок, кој го претрпел ученикот.
Состојбата е предизвикана од бактерии и може да доведе до смрт за само неколку часа, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
За време на хоспитализацијата состојбата на студентот се влошила и добил некроза, ткивна и клеточна смрт. Во тој момент лекарите морале да му ги ампутираат нозете и прстите. Тој имаше и пејсмејкер 13 дена поради срцева слабост.
Неговиот цимер јадел од остатоците и повраќал, но немал реакции опасни по живот.