Македонија

Сашо Тасевски распали: СДСМ ќе загуби на претседателски избори- нема да им помогнат ниту Моника Белучи и Хари Потер

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека СДСМ на претседателски избори ќе загуби и наброја осум начини како кандидат од власта би можел да победи на изборите.

„На претседателските избори постојат барем ОСУМ начини да победи кандидатот на власта.:
1. Да го воскреснат и номинираат Ганди или ТИТО за нивни кандидат. Може и Моника Белучи. Па и Хорхе.
2. Со хипноза да ги убедат опозиционерите гласачи и оние кои ги свртеа против себе да извршат колективно самоубиство.
3. Сите немажени и неженети непослушни гласачи да ги пратат во манастир.
4. Да ги покачат сите плати за 500 евра. Ако на некој сега му е 200 да му биде 700 евра.
5. Да го вратат Грујо и да го замолат заедно со Миле Ми Текна, да ги украдат изборите за нив.
6. На Бојко да му порачаат Македонија до Варна и Несебер, а на Грците да им скандираат: И зима и лето Атина е скопско гето.
7. Да го викнат Хари Потер да направи магија за победа.
8. Иван Исцелител да им бае против уроци.
Значи сепак не се без шанси“, стои во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток